ВМФЛ:Радовишани “наострени“ за Вардар, Пелистер гостува во Чегране

442

 

За денеска од 16 часот закажани се сите осум мечеви од 3.коло во ВМФЛ. Секако дека дербито се игра во Радовиш,каде Детонит Плачковица го дочекува Вардар. И двете екипи во првите две кола освоија по по максимални шест бодови, и двете екипи посакуваат триумф. Фудбалска празник ќе биде тоа за Радовиш. И поради гостувањето на некогаш големиот Вардар, но и поради одличните игри на тимот на стратегот Горан Здравков.

Пелистер го чека тешко гостување во Чегране, кај тимот на Арсими. Тим кој што во првото коло несреќно загуби од Вардар, но затоа минатата сабота го победи Кожуф среде Гевгелија. Нема да им биде лесно на битолчани.

Пресврт во Гостивар.Овој тим, кој пред новата ситуација во клубот важеше за најголем фаворитза првото место, сепак ќе игра мечот со Беса во Врапчиште.

На останатите мечеви Охрид го дочекува Кожуф, во Велес пак се среќаваат очајните Борец и Тетекс.Караорман во Струга ја дочекува Беласица,Слога Виница му гостува на Пехчево во Скопје, а во Македонска Каменица домашната Саса се среќава со Воска Спорт.

ДВОЈКИ ЗА 3.КОЛО – ДЕНЕСКА (16 Ч)

ЧЕГРАНЕ: АРСИМИ – ПЕЛИСТЕР

ОХРИД: ОХРИД – КОЖУФ

РАДОВИШ: ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА – ВАРДАР

ВЕЛЕС: БОРЕЦ – ТЕТЕКС

СТРУГА:КАРАОРМАН – БЕЛАСИЦА

СКОПЈЕ:ПЕХЧЕВО – СЛОГА (В)

МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА: САСА – ВОСКА СПОРТ

ВРАПЧИШТЕ: БЕСА – ГОСТИВАР

ТАБЕЛА

1.ВОСКА СПОРТ 6

2.ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА 6

3.ВАРДАР 6

4.ГОСТИВАР 6

5.ПЕЛИСТЕР 4

6.БЕСА 4

7.СЛОГА (В) 4

8.БЕЛАСИЦА 3

9.АРСИМИ 3

10.ОХРИД 3

11.КАРАОРМАН 1

12.САСА 0

13.КОЖУФ 0

14.ТЕТЕКС 0

15.ПЕХЧЕВО 0

16.БОРЕЦ 0

ПретходноСерена Вилијамс: Млада сум, сакам да уживам додека можам да одам!
СледноНовото правило на УЕФА нема да им се допадне на фудбалерите и тренерите, само на судиите