Гвардиола за Аканџи: Моравме да го донесеме, не можеме со двајца стопери цела сезона

161

Во последниот ден од преодниот рок Манчестер Сити го донесе Мануел Аканџи од Борусија Дортмунд. Централниот бек дојде на „Етихад“ и го засили тимот на Пеп Гвардиола, а тој го оправда неговиот трансфер.
Среќен сум со тимот што го имам. Имаме четворица неверојатни централни бекови, но Емерик Лапорт неодамна заработи тешка повреда. Постепено ја враќа формата, но ќе мора да почека половина месец или месец пред да се врати во тимот. Нејтан Аке има проблеми со мускулите.
Затоа не можевме да продолжиме да играме само со двајца централни дефанзивци во услови на ваков календар. Имавме можност да донесеме играч кој има уште една година од договорот и кој има неверојатно искуство. Ова е совршено решение за нас. Брз е и добро ја држи топката. Тоа го видовме кога игравме против Дортмунд пред две сезони. Драго ми е што ќе игра за нас“, изјави Гвардиола.

Кога ќе се врати Лапорт? Пред еден месец реков дека ќе биде достапен во септември или октомври, а би кажал дека ќе биде подготвен по репрезентативната пауза, но не сакаме да го форсираме неговото враќање на теренот.
Тој има комплицирана повреда на коленото. Јас не сум доктор, па не можам со сигурност да кажам за што точно се работи. Не можам да ги заборавам оние моменти кога на некои натпревари немавме алтернатива за Рубен и Нејтан, кои исто така беа повредени. Ова е уште една причина што го донесовме Аканџи. Верувам дека се ќе биде во ред со нас“, изјави шпанскиот тренер.

 

ПретходноНагелсман: Во текот на сезоната очекувам да има конфликти меѓу фудбалерите
СледноВо чест на Џајиќ, Црвена звезда го повлекува дресот со број „11“