Грција го доби дербито на денот со Италија, Израел нанижа втор триумф

115

Грција го доби дербито со Италија на третиот ден од Евробаскетот 2022. Вечерва во исклучително интересен меч, Нашите јужни соседи славеа со 85:81 над селекцијата на Италија, која до последната минута се надеваше дека може да се избори за пресврт.

Грците водеа практично во најголемиот дел од мечот откако ги добија (делумно и убедливо) првите три четвртини на мечот. Италија блесна само во последниот период кога анулираше 10 поени негатива, но недоволно за успех.

Грција беше предводена од Адетокумпо со 25 поени, додека во селекцијата на Италија одличен беше Фонтекио кој постигна 26 поени.

Кошаркарите на Израел и се придружија на Србија на врвот во групата „Д“ откако вечерва ја остварија и втората победа, овој пат совладувајќи ја Холандија со 74:67. Израелците во текот на целиот меч ја имаа контролата и на играта и на резултатот и на крајот заслужено славеа,

Најефикасен на мечот беше Авдија со 21 поен.

ПретходноОваа Барса изгледа моќно: Каталонците издоминираа против Севиља (ВИДЕО)
СледноНадал без милост, го понижи противникот во првите два сета!