Интер денеска го загуби големото градско дерби од Милан, па по мечот тренерот на „нероаѕурите“, Симоне Инзаги изрази загриженост за начинот на кој неговиот тим ги прими головите.
„По израмнувањето на 1-1, 30 минути не знаевме каде сме. Ја загубивме контролата, што доведе до тоа да примиме уште два гола. Мислам дека заслуживме нерешен резултат, но ги прифаќам моите обврски и тие 30 минути треба да не натераат да размислиме како понатаму. Имавме одличен голман пред нас, а головите ги примивме многу лесно“, изјави тренерот на Интер.