Какава „бомба“: Марсело од Реал Мадрид се сели во Пиреја!

409

Каква трансфер „бомба“ одекна во Пиреја, Грција, но и на целиот Балкан – најтрофејниот фудбалер во историјата на Реал Мадрид пристигна во редовите на Олимпијакос и стана најгласното засилување на клубот веројатно во последните неколку децении. .

Бразилецот Марсело е новиот играч на Олимпијакос, откако по 15 години во солзи го напушти Реал. За „кралскиот клуб“ одигра 546 натпревари и освои неверојатни 25 трофеи, од кои пет во Лигата на шампионите.

И сега ќе го носи црвено-белиот дрес на грчкиот гигант. Тој потпиша договор до летото 2023 година, со опција за продолжување на соработката на уште 12 месеци. Олимпијакос имаше катастрофален почеток на сезоната, беше елиминиран од Макаби Хаифа во квалификациите за Лигата на шампионите и едвај се пласираше во Лига Европа.

Марсело летово го напушти Реал Мадрид откако му истече договорот, а во текот на преодниот рок се споменуваа бројни клубови кои наводно биле заинтересирани за него. Тука беа и Баер Леверкузен, Ница и италијанска Монца.

Сепак, околу половина час пред полноќ во петокот навечер, Олимпијакос се пофали со доаѓањето на Марсело во своите редови.

ПретходноТомљановиќ по три часа драма стави крај на кариерата на Серена и ја расплака (ВИДЕО)
СледноПресврт: Гостивар одлучи да игра против Беса