Милан ги „пречкрта“ Ибрахимовиќ и уште петмина за мечевите од ЛШ

285

Милан е принуден од исклучи шест фудбалери од својата група за натпреварите од групната фаза во Лигата на шампионите. Тренерот Стефано Пиоли на прес конференција објави дека составот е премногу долг и ќе мора да донесе одлуки кои нема да им се допаднат на некои фудбалери.
Клубот има 23 странски фудбалери, а само 17 се дозволени во листата за натпреварите во ЛШ. Па така пречкртани се Астер Вранцк, Малик Тиав, Јасин Адли, третиот голман Чипријан Татарушану, играчот од средниот ред Темуе Бакајоко кој најверојатно и ќе си замине како и напаѓачот Златан Ибрахимовиќ. Швеѓанецот не е во планот затоа што е повреден и не се знае кога ќе може да настапи.
Алесандро Флоренци е вклучен и покрај сериозната повреда која ја заработи минатата недела и поради која ќе паузира неколку месеци.

Пријавени играчи: Мањан, Миранте, Дест, Калулу, Томори, Кјер, Бало-Туре, Тео Ернандез, Флоренци, Калабрија, Габија, Бенасер, Круниќ, Тонали, Побега, Салемакерс, Месиа, Брахим Диаз, Де Кетеларе, Рафел Леао, Жиру, Ориги и Ребиќ.

ПретходноВардар 1961 во Неготино ја почнува одбраната на тронот, Алкалоид дебитира во Прилеп!
СледноНагелсман: Во текот на сезоната очекувам да има конфликти меѓу фудбалерите