По двете ремија во последните две кола, Наполи на нашиот Елиф Елмас им се врати на победите и тоа со голем триумф на гостувањето кај Лацио во Рим.
Со преврст, вечерва момците на Спалети славеа со 2:1 против „римските орли“ и со тоа се вратија на врвот на табелата во Серија А по некомплетното 5. коло. Лацио одлично почна и со еден фантастичен погодок на Закањи во 4. минута дојде до водство од 1:0.
Наполи се обидуваше во неколку наврати да израмни, за конечно, Кореецот Ким со глава по нафрлување во домашниот шеснаесетник да погоди за 1:1.
Одлуката за трите бода падна во 61. минута, кога новата напаѓачка ѕвезда на Наполи, Грузиецот Кваратсхелија успеа да постигне еден прекрасен гол за конечни 1:2.
Елмас почна од клупата, па доби шанса во последните 20-тина минути во кои имаше еден непрецизен обид од далечина да го загрози голот на Лацио.