Во Гостивар ситуацијата се менува од час во час. По најавите дека овој клуб нема да продолжи да се натпреварува во Втората лига, доцна синоќа се случи пресврт, раководството одлучи тимот да го одигра денешниот дуел со Беса.
Добро е познато дека од понеделникот фудбалерите не тренираат. Во овој клуб има проблем меѓу навивачите и управата на Гостивар. Турскиот спонзор влезе со долгорочен план, инвестира во стадионот, како и сето она што е поврзано со овој тим, но некои ситни работи прават големи проблеми во делот на финансирање и инвестирање.
Гостивар има две победи и заедно со Вардар и Пелистер е сериозен кандидат за првото место во второлигашката конкуренција.