Серена Вилијамс во третото коло го заврши настапот на УС Опен, откако беше совладана од Томљановиќ со 2-1 во последниот меч во нејзината кариера. Најголемата тенисерка во светот оди во пензија на 40 години и 73 освоени титули, 23 Грен слем и четири златни медали.
„Ви благодарам на сите што бевте со мене сиве овие години. Се почна благодарение на моите родители, тие се заслужни за мојата кариера. Ова се солзи радосници. Јас немаше да бидам Серена, доколку не беше Венус, за тоа сум ти благодарна Венус. Таа единствената причина поради која постои Серена Вилијамс.
Серена на првото место на ВТА листата мина 319 недели, а од турнири има заработени 94 милиони долари. Крајниот епилог е 858-155.
„Ова беше забавна приказна. Нејголемото патување во мојот живот. Благодарност до сите што ме бодревте, што рековте напред Серена. Среќа сум што сум тука“, рече Вилијамс, а потоа искоментира за пензионирањето и дали ќе ја промени својата одлука.
„Не верувам, никогаш не знаеш. Сега сум подготвена да бидам мајка и да ги истражувам другите верзии на Серена. Технички јас сум млада, но би сакала да уживам во животот додека можам да одам“.
Serena put up numbers we may never see again. pic.twitter.com/OYPGaQZcAq
— US Open Tennis (@usopen) September 3, 2022