Македонскиот репрезентативен напаѓач Дориан Бабунски со гол во 45. минута го реши дербито во унгарскиот шампионат меѓу Дебрецин и Ферхервар.
Дебрецин славеше со 1:0 за прва сезонска победа, а Бабунски постигна убав погодок со кој донесе исклучително значајни три бода за својот тим.
Доријан одигра 70 минути за својата екипа, додека Давид воопшто не беше во составот на домашните.