„Фул“ програма на ЕП: Франција и Литванија во директна битка за прва радост!

85

Третиот ден од Европското првенство 2022 кое се одржува во четири земји ќе биде навистина бурно, се играат вкупно 12 натпревари, поточно второто коло ќе се одигра во еден здив.

12 репрезентации ќе бараат продолжување на победничкиот поход ќе се обидат да ги оправдаат улогите на фаворити, останатите 12 посакуваат прва радост на континенталното натпреварување.

Во друштвото на поразените се наоѓаат две земји кои конкурираат за висок пласман во ова европско друштво. Франција и Литванија ќе војуваат за прва радост. Се наоѓаат во групата Б, која навистина е тешка, француските кошаркари беа поразени од Германија, еден од домаќините на ЕП, додека пак Литванија од Словенија. Оваа средба е закажана со почеток во 17:45 часот.

Иако сите мечеви дефинитивно имаат своја убавина и квалитет, бидејќи сепак станува збор за најдобрите кошаркарски селекции од Европа, сепак ќе го издвоиме и дуелот меѓу Грција и Италија. И двата тима тргнаа победнички, Грците беа подобри од Хрватска, но се намачија, додека организаторот на една од групите ја совлада Естонија. Мечот се игра во Милано со почеток во 21 часот.

Кога сме кај земјите што тргнаа победнички, тука се Србија, Словенија, Босна и Херцеговина која ќе игра со Германија, Турција, Шпанија, Белгија, Израел, Полска и Украина.

Изненадувањата секогаш се добредојдени…Па да видиме кој ќе се издови после второто коло од групната фаза на ЕП.

ДВОЈКИ ЗА 2. КОЛО
ГРУПА А
13:30 Црна Гора – Белгија
16:15 Бугарија – Турција
19:00 Грузија – Шпанија

ГРУПА Б
14:30 Германија – БиХ
17:45 Литванија – Франција
20:30 Унгарија – Словенија

ГРУПА Ц
14:15 В.Британија – Хрватска
17:00 Естонија – Украина
21:00 Грција – Италија

ГРУПА Д
14:00 Финска – Полска
17:30 Чешка – Србија
21:00 Холандија – Израел

ПретходноРадовиќ: Разочарани сме, но вртиме нов лист за дуелот со Нексе!
СледноВардар 1961 во Неготино ја почнува одбраната на тронот, Алкалоид дебитира во Прилеп!