Првите четири натпревари од второто коло на Европското првенство не донесоа изненадување. Хрватска ја запиша првата победа на континенталното натпреварување, ја оправда улогата на фаворит против Велика Британија славејќи со 65-86.
Оваа средба беше решена во третата четвртина во која Хрватска постигна 35 поени, а прими само девет. Богдановиќ, Шариќ и Зубац со по 15 поени беа најефикасни кај победникот. Ова беше прв меч од групата Ц.
Германија дојде до вториот триумф на ЕП. Еден од домаќините на континенталниот собир беше подобар од Босна со 92-82, која исто така ја урна во вториот дел. Третата четвртина беше пресудна, Германците ја добија со 28-11, доволно за сигурно чекорење кон целта.
Шрудер имаше 18 поени и 9 асистенции, на другата страна Муса имаше 30 поени.
И Црна Гора конечно се израдува на победа, водеше против Белгија со 20 разлика, на крајот славеше само со шест 76-70. Убедлив триумф запиша Финска, оваа репрезентација беше подобра од Полска со 89-59.