Џерард и Астон Вила го запреа шампионот и „разулавениот“ Халанд (ВИДЕО)

349

Стивен Џерард и неговите момци успеаја да го запрат налетот на шампионот Манчестер Сити и да одиграат 1:1 во послениот денешен премиерлигашки меч од тековното коло. Мечот почна со добар, интензивен фудбал и прво полувреме во кое мрежите останаа празни.

Сепак, на стартот на вториот дел по само 5 минути игра, Кевин Де Брујн нафрли пред голот на Астон Вила, а Ерлинг Халанд не пропушти повторнод а се запише во листата на стрелците и со својот 10-ти гол сезонава да му донесе водство на Сити од 1:0.

Астон Вила имаше шанса, пропушти добра шанса во 59. минута, но во 74. минута, сепак, успеа да израмни. Ремзи тргна со топката на левата страна, ја испрати во средината каде што беше Бејли, кој со топовски удар постигна гол за 1:1.

Standings provided by SofaScore LiveScore

ПретходноВерстапен најбрз на квалификациите на домашната патека во Холандија
СледноСупер-гол на Бабунски за голема победа на Дебрецин во унгарското дерби (ВИДЕО)