Дебито во групата А помеѓу Бутел Скопје и Охрид понуди вистинска драма, на крајот победата отиде на контото на домашниот тим, кој славеше со минимални 24-22. Ова беше меч со многу пресврти, бутелци од минус четири со серија од 5-0 успеаја да го вратат водството 21-20, а пред самиот крај да поведат со плус два 24-22, кои се покажаа како доволни за голема радост.
Почетокот на дуелот му припадна на домаќинот, поведе со 5-3, па 9-6. Позитивата ја одржуваше до полувремето. По 11-10, гостите на голема врата се вратија во дуелот, го превземаа водството, но при 16-20 паднаа, чин кој беше казнет.
Ѓеорѓиевски со осум гола и Мајиќ со седум го предводеа својот тим, на другата страна Бојаниќ имаше осум гола.
Во првиот меч од групата Б, Радовиш и Јуниор К.В ги поделија бодовите, дуелот заврши 22-22. И гостите и домаќинот имаа шанса за победа, се чинеше дека Радовиш ја има контролата на мечот, но пред самиот крај гостите се вратија, со серија од 4-1 поведоа со 18-19 за драма до последната секунда.
Постолов со девет гола беше прв стрелец кај домашниот тим, кај гостите исто толку погодоци имаше Матовиќ.