Одморот и официјално заврши. Денеска стартува новата сезона во Супер-лига во која ќе учествуваат 16 екипи. Истите се поделени во две групи со по осум тимови, четирите најдобри од секоја ќе се борат во плеј-офот.
Бранител на титулата е Вардар 1961. И оваа сезона главната битка за тронот ќе се води меѓу Вардар 1961 и Е.Пелистер, со тоа што „црвено-црните“ за разлика од годините претходно ќе настапат во еден поинаков состав, со повеќе македонски ракометари, помалку искусни странци.
Прва станица во одбрана на титулата е Вардар Неготино, тим кој после долго време се врати во елитата, овој меч е закажан денеска со почеток во 18:30 часот.
„Почнуваме нова сезона во домашното првенство и без разлика на се нашата цел е иста, освојување на титулата и купот во Македонија. Тоа што сега нема да играме во европските купови ќе ни овозможи повеќе да се воигруваме и на младите да им даваме поголема шанса. Сакаме што повеќе млади играчи да бидат дел од првиот тим, а тоа ќе го направиме низ мечевите во првенството. Без разлика на се, никого нема да потценуваме ниту да се однесуваме како фаворити. Имаме добар тим и ќе сториме се да бидеме конкурентни и да играме добро”, вели Владо Недановски, тренерот на Вардар 1961.
Во рамките на групата А, во центарот на вниманието е Алкалоид. Дебитантот во Супер-лигата, предводен од Кирил Лазаров ќе гостува во Прилеп. Ракометарите на Алкалоид за време на подготовките покажаа дека ќе бидат незгоден противник, иако во составот имаат само македонски играчи, што пак е главна цел засега на стартот на сезоната.
Дербито е во Бутел, таму скопскиот состав го пречекува Охрид.
Од групата Б денеска ќе се одигра само еден меч, меѓу Радовиќ и Јуниор К.В.
СУПЕР ЛИГА МАЖИ – КОЛО 1 – ГРУПА А