Шпанците без поголеми проблеми ја совладаа и Грузија во 2. Коло на Евробаскетот во Тбилиси. Грузија се држеше само во првата четвртина, а потоа „фуријата“ едноставно не им даде шанса да се понадеваат на добар завршеток.
Шпанија славеше со 90:64 во меч во кој Вили ернанголемз беше најдобар поентер на теренот со 14 поени, додека кај Грузија, Адроникашвили заврши со 13.
Во следното коло Шпанија ќе игра со Белгија, а Грузија против Турција.