Дерби дела Мадонина: „Милан е послаб од лани, a Интер мора да го искористи тоа“

139

Денеска (сабота) од 18:00 часот ќе почне миланското дерби помеѓу актуелниот шампион Милан и вицепрвакот Интер. Формално „росонерите“ се домаќини, а конечно можеме да гледаме квалитетна претстава од двете страни со оглед на тоа дека овие два џина конечно се разбудија во последните две сезони и повторно се фактор во Серија А.
„Нероаѕурите“ го славеа „Скудетото“ во сезоната 2020/21, а минатата сезона „Росонерите“ седнаа на престолот.

Има секакви размислувања околу тоа кој е поблиску до победата, наше мислење е дека во дерби мечевите нема фаворит. Двата тима покажаа квалитет па очекуваме надмудрување и одличен фудбал.
А поранешниот напаѓач на Интер Сандро Мацола дава анализа за претстојниот меч и вели дека Милан оваа сезона е едно скалило подолу.
Според мене Јувентус ќе му биде најголемата закана на Интер во трката по скудетото. Тие секогаш се незгодни и имаат победнички менталитет. Милан не изгледа лошо, тие ја бранат титулата меѓутоа според мене оваа сезона се чекор поназад во однос на Интер“, е размислувањето на Мацола.

Милан ќе ги нема на располагање Флоренци и Ибрахимовиќ поради повреди, Сержињо Дест би требало да е во составот. Тука се и новаците Тиав и Астер Вранц. Веројатно ќе го нема ни Анте Ребиќ поради болки во грбот.
Кај Интер единствено ќе го нема Федерико Димарко и Ромелу Лукаку поради повреди.

Да потсетима на резултатите на двата тима оваа сезона. Милан тргна со две победи и две ремија, а Интер по стартните победи над Лече и Специја, доживеа пораз од Лацио, па потоа врати со триумф над Кремонезе.
Минатата сезона првиот меѓусебен меч заврши 1:1, а вториот го доби Милан со 2:1.

ПретходноМногу возбудувања на Мерсисајд дербито но мрежите мируваа
СледноБамијоко: Преку Сампдорија ќе стигнам до ПСЖ, а во тоа ќе ми помогне и Македонија