Европскиот шампион Словенија беше голем залак за Унгарија во 2. коло на Евробаскетот 2022. Словенците рутински го решија мечот во своја корист обезбедувајчќи убедлива победа од 103:88 со што се зацврстија на лидерското место во групата.
Уште во првата четвртина Словенија имаше 29:16, по што беше јасно како ќе се одвиваат работите до крајот. Дончиќ беше најефикасен со 20 поени, а Препелиќ постигна 14 поени. За Унгарците Хопкинс постигна 14 поени.
Следниот натпревар Словенија го игра против Босна и Херцеговина утре од 17:45 часот, а Унгарците се среќаваат со Французите.