Инзаги по поразот во градското дерби: 30 минути не знаевме каде сме!

531

Интер денеска го загуби големото градско дерби од Милан, па по мечот тренерот на „нероаѕурите“, Симоне Инзаги изрази загриженост за начинот на кој неговиот тим ги прими головите.

„По израмнувањето на 1-1, 30 минути не знаевме каде сме. Ја загубивме контролата, што доведе до тоа да примиме уште два гола. Мислам дека заслуживме нерешен резултат, но ги прифаќам моите обврски и тие 30 минути треба да не натераат да размислиме како понатаму. Имавме одличен голман пред нас, а головите ги примивме многу лесно“, изјави тренерот на Интер.

ПретходноВан Гал повика пет нови играчи во репрезентацијата на Холандија
СледноЕвропскиот шампион лесно ја „реши“ и Унгарија