Михајло Михајловски нема веќе да биде претседател на меѓународната лига, СЕХА. Тој се повлече од функцијата, а неговото место ќе го заземе Божидар Ѓурковиќ од Србија. Михајловски станува почесен претседател.
Двете главни оперативни места остануваат непроменети. Синиша Остојиќ од Хрватска останува директор и во следниот мандат, а Марјан Начевски комесар на лигата во следниот четиригодишен период.
Зоран Стерјев, претседателот на Е. Пелистер доби место во Управниот одбор на лигата.