Нејмар не може пониско: ПСЖ го понудиле Бразилецот, сите ги одбиле!

291

Во соблекувалната на ПСЖ има многу проблеми, дел од нив ги препишуваат на адресата на Нејмар, тој засега е посочен како главен виновник.

По завршувањето на преодниот рок, француските медиуми излегоа со неверојатна информација, секако во центарот на вниманието е Бразилецот. Долго време се зборуваше дека ПСЖ не се задоволни од играта на овој фудбалер, иако ја подигна формата, сепак тоа не беше доволно.

Во ПСЖ сфатија дека мора да се ослободат од Нејмар, а тоа се обиделе да го направат за време на летниот преоден рок, но на крајот не успеале.

„Светците“ го понуоле на многу клубови, еден од нив бил и Манчестер Сити, но веднаш биле одбиени, главната причина е Ерлинг Халанд, кој дојде ова лето во редовите на премиер-лигашот, па Пеп Гвардиола сметал дека нема да им биде потребен, а воедно на клубот не ми треба играч со таков карактер.

Проблемот со Нејмар е Мбапе, двајцата веќе не се добри пријатели како некогаш, а тоа го нарушува тимскиот дух во тимот, како и атмосферата во соблекувалната.

Бразилецот останува најмалку до јануари, по што ќе видиме дали ќе ја промени средината.

ПретходноНовото правило на УЕФА нема да им се допадне на фудбалерите и тренерите, само на судиите
СледноРадовиќ: Разочарани сме, но вртиме нов лист за дуелот со Нексе!