Новото правило на УЕФА нема да им се допадне на фудбалерите и тренерите, само на судиите

3502

Интересна промена ќе гледаме од следната сезона во Лигата на шампиони, а на удар ќе бидат фудбалерите, но и тренерите.

Роберто Росети побара од судиите да применат правило од оваа сезона кое треба многу да им помогне. Отсега играчите и тренерите ќе бидат казнети со жолт картон доколку бараат противникот да добие жолт картон.

Се разбира, тоа досега не беше случај. Играчите се жалеа на некои стартови, тренерите бараа картони за противниците, а конечната одлука ја носеа судиите.

Фудбалерите добиваа жолти картони за шутирање, симулирање, како и за некои други гестикулации, но досега не се казнети затоа што бараат казна за противникот.

Тоа отсега ќе биде правило, се со цел да се симне притисокот од судиите кои во тој момент се во многу тешка позиција.

„Кога играч ќе побара друг играч да добие жолт картон, тоа едноставно не е фер кон фудбалот“, рече Росети.

Главната цел е да се подобри имиџот на фудбалот и она што тој навистина го претставува, а останува да се види дали судиите целосно ќе го применат ова правило.

Покрај ова правило, УЕФА ќе претстави нов систем за офсајд технологија со специјални камери кои ќе следат 29 делови од телото на фудбалерот и сензори во топката.

Како ќе изгледа сето тоа ќе видиме во вторник кога ќе почнат натпреварите од Лигата на шампионите.

ПретходноВМФЛ:Радовишани “наострени“ за Вардар, Пелистер гостува во Чегране
СледноНејмар не може пониско: ПСЖ го понудиле Бразилецот, сите ги одбиле!