Е.Пелистер 2 со пораз во Битола ја заврши европската авантура

108

Е.Пелистер 2 не успеа да го комплетира овој посебен викенд за Битолчани. Избраниците на Александар Јовиќ на домашен терен против Алпла беа совладани во реванш мечот со 24-27 со што ја завршуваат својата европска авантура.

Белистојаноски запиша шест гола, два помалку имаше Петар Атанасијевиќ.

Битолскиот тим поведе со 3-0 на отварање на дуелот, имаше и водство од два гола (6-4, 7-5), но гостите израмнија на 7-7, а пред крајот на првото полувреме целосно ја првземаа контролата не мечот.

По 12-14 на одморот, во првите две миниту од вториот дел Алпла дојде на плус четири (12-16), на другата страна Е.Пелистер 2 дојде на минус еден (17-18), но не успеа да стори ништо повеќе. Во 48. минута гостите ги казнија грешките на „пелистерци“ и одново беа на позитива од четири гола (17-22). Тука веќе полека стануваше јасно дека Е.Пелистер 2 нема шанси за сензација.

На крајот ракометарите и покрај поразот добија аплаузи од своите фанови.

ПретходноВелковски и официјално промовиран во Саудиска Арабија
СледноВиљареал сигурен против Елче