Ињаки го одигра 237. меч по ред, но Билбао загуби дома од Еспањол (видео)

80

Атлетик Билбао е поразен на домашен терен од Еспањол со 0:1 во рамките на 4. коло на шпанската Ла Лига. „Лавовите“ од Баскија го впишаа и првиот пораз сезонава по ремито со Мајорка и двете победи против Валенсија и Кадиз.

Од друга страна Еспањол ја запиша првата победа по ремито со Селта во 1. коло и двата порази од Рајо Ваљекано и Реал Мадрид.
Инаку стрелец на голот за тимот од Барселона беше Мартин Брајтвајт во 83. минута. Тоа е играчот кој во Еспањол дојде пред неколку дена од локалниот ривал од „Ноу Камп“.

Инаку за Атлетик настапи Ињаки Вилијамс. Тој се повреди минатата недела и се чинеше дека ќе стави крај на серијата од едноподруго настапи во Ла Лига, меѓутоа стисна заби и излезе на терен и така го впиша 237 настап по ред во шпанскиот шампионат.

ПретходноЕ.Пелистер испиша историја во СЕХА, со бронза се враќа во Битола!
СледноЛесјак: По шамарот во петокот, знаевме дека можеме повеќе, верувавме во себе!