Костов поднесе оставка, Тиквеш сака да го задржи

3374

Влатко Костов по денешниот пораз на Тиквеш во Кавадарци од Силекс со 3:2 си поднесе оставка на местото тренер на прволигашот од Кавадарци. Искусниот стратег поради лошите резултати на стартот на стартот од ПМФЛ шампионатот, денеска вели дека си заминува но од друга страна клубот ќе проба да го задржи.

Спортмедиа дознава дека Тиквеш ќе инсистира Костов да остане тренер, и дека во моментов веќе се разговара на темата. Доколку не се најде решение денеска, разговорите ќе продолжат и утре, а доколку Костов сепак остане на ставот дека сака да си замине ќе се бара решение што и како понатаму.

 

ПретходноПешевски и Хосни во Ол-стар тимот на Ф4
СледноГрузија ја доби Турција на продолженија