Барселона со Роберт Левандовски и тоа како доби во шмек. Оваа Барса со Лева секако дека е една од најсериозните кандидати за титулата во Ла Лига. Полјакот не престанува да тресе, тоа го стори и вчера против Севиља во победата од 3:0 на гости.
Инаку Левандовски успеа по првите четири настапи во Ла Лига да го израмни рекордот кои го држеа Роналдо (2009 година) и Фалкао (2011). Имено сега сите тројца имаат по пет голови во првите четири меча во една од најсилните лиги во Европа.