Полувреме: Лидерот води во Струмица, Сандеј исклучен во Штип, водат и Силекс и Скопје

296

Завршија првите полувремиња од петте натпревари од 6.коло во ПМФЛ. Струга Трим Лум не знае за доста, води и во Сртрумица и тоа на гости кај А. Пандев со голот на Шабани во 32.минута. Домашните преку Митровски ја погодија стативата, претходно Јусуфи на другата страна стрелаше во дирекот.

Во Штип домашната Брегалница имаше неколку шанси, но сепак на пауза се замина без голови. Шкупи остана со играч помалку по исклучувањето на Сандеј Адетунџи.

Силекс со голот на Петровиќ води против Тиквеш со 1:0, води и Скопје против Победа. Додека под Шара, домашната Шкендија и Македонија ЃП играат без голови.

ПретходноСупер – Макс победник и на ГН на Холандија!
СледноЛестер закован на дното – потона и на гостувањето кај Брајтон (видео)