Миљана Ристиќ Стојчевска е победничка на полумаратонската трка одржана денеска во Битола. Таа успеа да го освои првото место на веќе традиционалната трка „Трчај Бе“ на која беа организирани и трки на пократко растојание.
Второто место на полумаратонската трка и припадна на Тамара Јолевска, додека како трета на подиумот за најдобрите кај дамите се искачи Весна Кираџиева.