Во петтиот меч како стратег на Скопје, Славчо Георгиевски – Тупан дојде до првата победа. Попладнево на стадионот на Автокоманда, момците на Георгиевски со голот на Кировски успеаја да триумфираат против Победа со 1:0 и со тоа да ги освојат првите бодови сезонава.
За „Спортмедиа“ токму Георгиевски имаше свој коментар:
“Секако дека сум среќен. Оваа победа многу ни значи, самодовербата ќе биде тука за наредните натпревари. Мислам дека одигравме квалитетно, создадовме повеќе шанси, една искористивме и ете, дојдоа тие три бода. Сметам дека Скопје и повеќе од заслужено славеше“ посочи Георгиевски.