Академија Пандев му кажа благодарам на Ѓорѓе Стојчев

1705

Екипата на Академија Пандев по денешниот пораз од 0:3 на домашен терен од тимот на Струга Трим Лум остануа без тренер. Ѓорѓе Стојчев повеќе нема да ја води екипата откако по шест одиграни кола во новиот шампионат, струмичани имаат освоени само шест бода.

Стојчев пристигна на кормилото по сплет на околности и смени на тренери, и во одреден период доста успешно го водеше клубот, ја имаше поддршката и од ФК Академија Пандев но и од јавноста во Струмица.

Сепак, еве денеска дојде и крајот на неговиот прв мандат како тренер на Академија Пандев, а ќе видиме кој ќе го наследи во следните денови.

ПретходноЕуфорија во Штип: Брегалница го растури шампионот! (ФОТО)
СледноВелковски и официјално промовиран во Саудиска Арабија