Актрактивна менаџерка ја доби тужбата против играч на Парма, мора да и плати 350.000 евра

589

Романската фудбалска менаџерка Анамарија Продан ќе добие 350.000 евра колку што треба да и исплати играчот на Парма Денис Ман. Фудбалерот потпишал договор со Парма уште кога бил во ФЦСБ со помош на фирмата на браќата Јоан и Виктор Бекали.
Продан го обвинила фудбалерот кој еднострано го раскинал договорот меѓу нив и преминал во Парма со помош на браќата Бекали. Атрактивната менаџерка покрена тужба и го доби спорот. Таа требало да биде вклучена во преговорите, а фудбалерот не го направил тоа.

Адвокатот на менаџерката Сабин Гердан се повика на казнената клаузула од 350.000 евра во случај еден од нив да не ги почитува одредбите од договорот за посредување. Судот одлучи дека договорот не е испочитуван, па Ман мора да и плати на агентката на ФИФА износ од 350.000 евра, наведува „clujust.ro“.

 

ПретходноГрузија ја доби Турција на продолженија
СледноФранција се изнамачи против Унгарија