Боби Митев останува во Ангели!

372

По една сезона мината во Првата лига, Ангели се врати во понискиот ранг на натпреварување. Тимот од Кисела Вода беше еден од ретките кои во најсилното македонско клупско натпреварување им даваше шанса на помладите. Целта беше оние кои му донеса на клубот прволигашки статус, да собираат искуство од кое во иднина не само Ангели, корист ќе има мак-репрезентативна кошарка.

Ангели продолжува со планот и за следната сезона. Целта е да се работи на создавање на таленти, а за такво нешто потребен е врвен тренер. Овој услов тимот од Кисела Вода го исполни.

Боби Митев и раководството на клубот си подадоа рака за нова соработка. Еден од најдобрите македонски стратези ќе остане во Ангели, ќе работи со младите играчи, ќе се обиде да им го пренесе своето искуство и да ги насочи кон вистинските патеки.

Митев долго време работеше надвор, добро ја познава модерната европска кошарка, па Ангели можат да бидат горди што ќе го имаат уште една сезона.

ПретходноНадал без милост, го понижи противникот во првите два сета!
СледноИзвршниот директор на Јуве за Роналдо: Тажно е да го гледаш во една ваква ситуација!