Босна го урна актуелниот европски првак!

127

Словенија го запиша првиот пораз на Европското првенство, заслугите за ова одат на сметка на Босна и Херцеговина. Добрата игра во последната четвртина беше клучна за триумфот на Босанците на дуелот со бранителот на титулата (93-97).

По оваа средба дефинитивно ќе биде интересно во групата Б, во која само Германија остана перфектна со три победи.

Словенците има зошто да жалат, во голем дел од првите три четвртини го имаа водството. По силниот старт на Босна од 0-8, актуелниот првак веднаш имаше одговор, со серија од 12-2 поведе со 12-10 за првпат на мечот. Нешто подоцна дојде на плус пет (19-14), на истекот на десетата минута бепе 32-26. И во следниот период, Словенија беше во подобра позиција, најголемата предност беше осум поени 52-44 која Муса на одморот ја намали 52-49.

И по одморот Словенците беа за нијанса подобар противник, иако се чинеше дека ја имаат контролата на дуелот, Босанците се издигнаа во последниот период, дојдоа на плус четири (79-83).

Препеплиќ и Дончиќ израмнија на кратко, но Робертсон и Нуркиќ ја задржеа Босна до последните две минути кога Словенија со поените на Лука дојде на 89-91, но не искористи напад за израмнување. Беше вистинска драма во финишот, Атиќ реализираше две слободни фелања на 13 секунди до крајот за 91-95, но Лука веднаш намали, но немаше време за било што. Босанците на крајот заслуженос е радуваа на втората победа.

Роберстон со 23 поени и Муса со 22 поени беа лидери кај победникот, на другата страна Дончиќ имаше 16 поени, прв стрелец беше Чанчар со 22 поени, Горан Драгиќ имаше 20.

 

ПретходноЈунајтед го победи Арсенал – првенец на Антони, поништен гол на „топчиите“ по чудна одлука на судијата (видео)
СледноЕуфорија во Штип: Брегалница го растури шампионот! (ФОТО)