Извршниот директор на Јуве за Роналдо: Тажно е да го гледаш во една ваква ситуација!

466

Кристијано Роналдо се обидуваше да го напушти Манчестер Јунајтед, сакаше оваа сезона да игра за тим кој се натпреварува во Лигата на шампиони, но на неговата адреса не дојде вистинска понуда.

Португалецот не е среќен во редовите на „црвените ѓаволи“, тој се најде во ситуација да се бори за место во стартниот состав. Овој момент го коментираше извршниот директор на Јувентус, Маурицио Аривабене.

Роналдо пред година дена си замина од Јувентус, а на Аривабене му е жал за Португалецот и ситуацијата во која се најде.

„Се збогувавме со Роналдо со голема почит. Тоа што му се случува во Јунајтед веќе не е наш проблем. Сепак тажно е да го гледаш во една ваква ситуација, не е убаво ниту за него, ниту за неговите соиграчи. Ќе повторам тој веќе не е наша грижа“.

Роналдо веќе не е најплатениот фудбалер во Англија, „падна“ на осмото место, пред него има некои нови момци.

ПретходноБоби Митев останува во Ангели!
СледноНепобедливата Струга ТЛ гостува кај “пандевци“ и сака шест од шест!