Пред почетокот на денешните нови возбудувања на Европското првенство, како загревање на прво место го ставаме потегот на Лука Дончиќ против Унгарија. На стартот на овој дуел, кој Словенија го доби со убедливи 103-88, Дончиќ покажа зошто е една од најголемите ѕвезди на континенталното натпреварување.
Го издрибла противничкиот кошаркар, не било како, туку низ нозе ја протна топката, а потоа направи цепелин.
Словенија е една од оние репрезентации кои по две кола има две победи. Лука и неговите соиграчи денеска ќе се сретнат со Босна и Херцеговина, со триумф ќе направат чекор напред кон следната фаза. Од репрезентации кои немаат пораз во групата Б е Германија, еден од домаќинит на ЕП го чека тешка задача, пресметка против Литванија.
Во групата А, Шпанија и Турција се без пораз. „Фуријата“ игра против Белгија, додека пак Турција која има две победи, поточно најдобар старт од 2011 година ќе се сретне со Грузија.
ДВОЈКИ 3. КОЛО
ГРУПА А
13:30 Бугарија – Црна Гора
16:15 Шпанија – Белгија
19:00 Турција – Грузија
ГРУПА Б
14:30 Литванија – Германија
17:45 Словенија – БиХ
20:30 Франција – Унгарија