Лестер закован на дното – потона и на гостувањето кај Брајтон (видео)

65

Екипата на Лестер го впиша и петтиот пораз сезонава откако попладнево изгуби на гостувањето кај Брајтон со 5:2 во меч од 6. коло на Премиер лигата. „Лисиците“ лошо ја почнаа сезоната и имаат само еден бод и се заковани на последното место на табелата.
По првото полувреме беше 2:2. Лестер поведе со голот на Ихеначо уште во 1. минута, но домашните направија пресврт со автоголот на Томас и погодокот на Каиседо. Сепак, гостите пред крајот на првиот дел изедначија преку Патсон Дака.
Само што почна вториот дел Мекалистер постигна прекрасен гол, но ВАР го поништи поради претходен офсајд на Велбек. Сепак, неколку минути подоцна Тросар го доведе Брајтон во водство, а победата ја потврди Мекалистер со два гола од кои едниот од пенал.
Брајтон има скор од четири победи, едно реми и еден пораз.

ПретходноПолувреме: Лидерот води во Струмица, Сандеј исклучен во Штип, водат и Силекс и Скопје
СледноШто се случува со Литванците? Пораз и од Германија