Е.Пелистер успеа да се издигне по убедливиот пораз против Веспрем во полуфиналето и да се покаже во многу подобро светло. Македонскиот вицепрвак во своето дебитанско учество на фајнл-фор завршницата го освои бронзениот медал, откако го совлада Нексе со 23-27.
Еден од најзаслужните за денешната победата беше Урбан Лесјак, зад своето име запиша 12 одбрани, седум од нив во провото полувреме.
„Прво сакам да им честитам на соиграчите кои денеска завршија голема работа денеска. По петокот и големата шлаканица од Веспрем, знаевме дека можеме многу повеќе и многу подобро. Верувавме во себе дека имаме сили да дојдеме до оваа победа“, изјави Лесјак, кој беше скромен на прашањето околу неговата добра партија.
„Тука сум да му помогнам на тимот, мило ми е што можам да имам голема улога во тимот. Се надевам дека ваќа ќе биде и во иднина“.