Надал без милост, го понижи противникот во првите два сета!

196

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал се пласираше во осминафиналето на УС Опен, откако во три сета беше подобар од Французинот Ришар Гаске со 3:0 (6:0, 6:1,7:5).

За разлика од претходниот дуел против Фоњини, во кој се мачеше да најде адекватна игра во првите два сета, Шпанецот сега практично го понижи својот ривал и му дозволи да победи само на еден гем – во средината на вториот.

Публиката, која до тој момент му беше верна на Надал, малку се сврте и се обиде да го бодри Гаске за да има поинтересен меч. Французинот во третиот сет успеа да ги врзе четирите последователни гема.

Поведе Гаске со 5:4, по брејкот во четвртиот гем, но едноставно не можеше да се врати во мечот. Надал повторно одигра посигурно, врза три гема со брејк и отиде во следната рунда каде го чека 22. играч во светот Тиафо.

ПретходноГрција го доби дербито на денот со Италија, Израел нанижа втор триумф
СледноБоби Митев останува во Ангели!