Непобедливата Струга ТЛ гостува кај “пандевци“ и сака шест од шест!

176

 

Денеска во Струмица во меч од 6.коло, лидерот на табелата, непобедливата Струга Трим Лум, му гостува на составот на Академија Пандев. Ова ќе биде голем предизвик за стружани кои не кријат дека посакуваат нова победа, посакуваат продолжувањена супер – серијата и сакаат шест од шест.

Секако дека нема да биде лесно, “пандевци“ имаат одличен состав, имаат свои амбиции, па така во секој случај ова ќе биде интересна средба, една од дерби средбите во ова 6.коло во ПМФЛ.

За тоа што може да се очекува свој коментар има младиот напаѓач на Струга ТЛ, Сухељ Мухарем:

“Се наоѓаме во ситуација во која секој сака да биде.Не гледам причина зошто не би продолжиле со ова темпо и со досегашните резултати и на денешниот меч. Секако дека А.Пандев е добар тим, не чека тежок натпревар, ќе биде тешка пречка. Сепак Струга ТЛ оваа сезона покажа дека може против секого,верувам дека тоа ќе го докажеме и денеска во Струмица“посочи Мухарем.

ПретходноИзвршниот директор на Јуве за Роналдо: Тажно е да го гледаш во една ваква ситуација!
СледноКако на видео-игра: Магија на Дончиќ, Лука лудило (ВИДЕО)