Пешевски и Хосни во Ол-стар тимот на Ф4

133

Македонскиот репрезентативец, Жарко Пешевски се најде во Ол-стар тимот на фајнл-фор завршницата во СЕХА-лига на која Е.Пелистер го освои третото место. Друштво на Пешевски во најдобрите на завршницата му прави неговиот соиграч од Е.Пелистер, Хосни, кој е најдобар десен бек.

Во „Дрим тимот“ се најде и некогашниот вардарец, сегашен член на ППд Загреб, Тимур Дибиров.

Голман: Аљаш Пајнтар (ППД Загреб)
Лево крило: Тимур Дибиров (ППД Загреб)
Лев бек: Звонимир Срна (ППД Загреб)
Среден бек: Кентин Мае (Веспрем)
Десен бек: Усама Хосни (Е.Пелистер)
Десно крило: Никита Валјупов (Веспрем)
Кружен напаѓач: Жарко Пешевски (Е. Пелистер)
Дефанзивец: Јаков Гојун (ППД Загреб)

ПретходноППД Загреб од плус шест до пораз, Веспрем се израмни со Вардар!
СледноКостов поднесе оставка, Тиквеш сака да го задржи