Фантастично, чудесно, шест од шест за Струга Трим Лум. Лидерот ја освои и Струмица попладнево во меч од 6.коло во ПМФЛ. Со 0:3 просто ја растури А. Пандев и сега има максимални 18 бодови. Шабани, Ибраими и Мерџани беа стрелците на моќната Струга ТЛ.
Со двата гола на Ѓорѓиев славје во Штип, Брегaлница со 2:0 го победи Шкупи, кој е во криза, тука нема дилеми.
Треба да се каже дека во поголем дел од мечот гостите играа со играч помалку по исклучувањето на Сандеј.
Скопје дојде до првата победа сезонава, со голот на Кировски тимот од Автокоманда ја победи прилепска Победа.
Каков шок под Шара. Шкендија одигра само 1:1 со Македонија ЃП. Иако тетовци играа дома по цели четири месеци, сепак не успеаја да слават. Воша за гостите и Дориев за Шкендија без стрелците на овој меч.
Силекс во трилер меч победи со Тиквеш. Кратовци водеа со 1:0, па губеа со 1:2 и на крајот славеа со 3:2. Одличен меч во Кратово, фудбал за уживање.
РЕЗУЛТАТИ ЗА 6.КОЛО
А.ПАНДЕВ – СТРУГА ТЛ 0:3
(/Шабани 32., Ибраими 73.. Мерџани 89.)
БРЕГАЛНИЦА – ШКУПИ 2:0
(Ѓорѓиев 79., 85/)
СКОПЈЕ – ПОБЕДА 1:0
(Кировски 34./)
ШКЕНДИЈА – МАКЕДОНИЈА ЃП 1:1
(Дориев 63./Воша 54.)
СИЛЕКС – ТИКВЕШ 3:2
(Петровиќ 36., Љамалари 76., Масевски 83/Нгоба 47.,Миловановиќ 67.)
РАБОТНИЧКИ (СЛОБОДЕН)