ПМФЛ: Шкендија против “лавовите“ конечно под Шара, Силекс против Тиквеш, “пиратите“ посакуваат први бодови

225
Processed with VSCO with m5 preset

 

Денеска од 16 часот на програмата се петте мечеви од 6.коло во ПМФЛ. Работнички во ова коло ќе биде слободен, интересно ќе биде во Штип каде се среќаваат Брегалница и Шкупи, исто и во Струмица каде лидерот Струга ТЛ му гостува на тимот на А. Пандев.

Шкендија по цели четири месеци конечно ќе заигра под Шара, на својата “Еколог Арена“.Последен пат тетовци играа на овој терен уште на 5 мај со Шкупи на тоа контроверзно дерби.

Денеска четата на срратегот Артим Шаќири се среќава со Македонија ЃП.

“Се враќаме на нашиот стадион во Тетово и тоа ќе биде дополнителна мотивација за нас. Одигравме на почетокот од сезоната пет натпревари на туѓи терени и сега секако дека ќе биде полесно. Нема дилеми, против Македонија ЃП очекувам поддршка од нашите фанови, поддршка со која се надевам, дека ќе дојдеме до трите бода“истакна Бруно Дита, играчот за врска на Шкендија.

Македонија ЃП не тргна сезонава како што се очекуваше. На четири средби освоени се само 4 бодови.

“Очекувам добар натпревар. Ја респектираме Шкендија, домашниот состав е фаворит на овој натпревар, но тоа не мора ништо да значи. Ние сме подготвени да го дадеме максимумот да го извлечеме најдоброто од себе и да дојдеме до трите  бода“ изјави дефанзивецот на “лавовите“ Есмин Личина.

Во Кратово се  среќаваат Силекс и Тиквеш. Според досега покажаното сезонава секако дека кратовци се фаворити,но кавадарчани безброј пати покажале дека знаат да изненадат било кого.

На Автокоманда домашниот тим на Скопје ја дочекува Победа. Ова е идеална шанса за стратегот Славчо Георгиевски и неговите играчи да дојдат до првата победа, до првите бодови сезонава во ПМФЛ.

ДВОЈКИ ЗА 6.КОЛО – ДЕНЕСКА (16 Ч)

СКОПЈЕ – ПОБЕДА

БРЕГАЛНИЦА – ШКУПИ

ШКЕНДИЈА – МАКЕДОНИЈА ЃП

СИЛЕКС – ТИКВЕШ

А.ПАНДЕВ – СТРУГА ТЛ

РАБОТНИЧКИ (СЛОБОДЕН)

ТАБЕЛА

1.СТРУГА ТЛ 15 (5)

2.ШКЕНДИЈА 10 (5)

3.СИЛЕКС 8 (5)

4.А.ПАНДЕВ 7 (5)

5.ШКУПИ 7 (3)

6.БРЕГАЛНИЦА 7 (4)

7.МАКЕДОНИЈА ЃП 4 (4)

8.ТИКВЕШ 4 (4)

9.РАБОТНИЧКИ 4 (5)

10.ПОБЕДА 1 (4)

11.СКОПЈЕ 0 (4)

ПретходноЗвучи нереално: Роналдо има шанси да го напушти Јунајтед и да стане соиграч на Алиоски!
СледноРакометна Битола од два фронта чека историја!