ППД Загреб од плус шест до пораз, Веспрем се израмни со Вардар!

139

Финалето во СЕХА-лига донесе големо изненадување. Веспрем кој во петокот изгледаше неверојатно силен, вечерва ги покажа сите слабости, а за тоа беше задолжен  ППД Загреб, кој беше добро подготвен за оваа средба.

Голема штета што на крајот ППД Загреб не успеа да ја круниса играта со победа, Веспрем се врати од минус шест, славеше со 30-32 и се израмни со Вардар по бројот на титулите во СЕХА-лигата. И двата тима имаат по пет пехари.

По првото полувреме избраниците на поранешниот македонски селектор, Ивица Обрван имаа предност од шест гола (19-13). Многумина споре стартот на дуелот сметаа дека хрватскиот првак ќе падне за кратко време, но одлично се држеше, поведе со 4-2, оа 10-6 и 13-8.

По одморот, ППД Загреб имаше водство од 20-15, Веспрем притискаше во 45 минута намали на 23-21, Чупиќ постигна важен гол за 24-21. Веспрем се врати израмни на 25-25, во продолжение следеше вистинска битка, се играше гол за гол. Маје и Шмид успеаја да донесат водство од 30-31 на нецели 30 секунди до крајот, ППд Загреб не искористи напад, по што следеше казна од страна на Веспрем за 30-32.

Јахиа со седум гола беше лидер кај Веспрем, два гола помалку имаа Штрлек, Маје и Шмид. Кај ППД Загреб, Чупиќ запиша осум гола, Срна шест.

ПретходноВиљареал сигурен против Елче
СледноПешевски и Хосни во Ол-стар тимот на Ф4