Редици за билети пред “Максимир“ за мечот Динамо – Челзи!

292

Вистинска еуфорија владее во Загреб за стартот на новата сезона во групната фаза во Лигата на Шампионите. Динамо Загреб, секако и нашите репрезентатиовци Аријан Адеми и Стефан Ристовски, во вторник го играат првиот меч и тоа против Челзи. “Модрите“ се единствен тим од овие балкански простори кои ќе играат во европската клупска елита оваа есен, и затоа владее голем интерес за билети.

Од изутрина се направија редици за билети, пред “Максимир“, кои почнаа да се продаваат денеска, се продаваат и онлајн. Дека трибините ќе бидат преполни доказ за тоа е информацијата од клубот во која се вели дека за западната трибина билети веќе нема, останале само дел од билетите на северната трибина.

ФОТО: Index.hr

 

ПретходноЦрна Гора го доби балканското дерби со Бугарија!
СледноСтоле и Рајо поразени во Памплона!