Скандал во Премиерлигата: Мојс влегол во судиската соблекувална по мечот со Челзи за да го тепа судијата

265

Голем скандал изби во англиската фудбалска елита, откако се појавија информации дека менаџерот на Вест Хем, Дејвид Мојс лутен од скандалозната одлука на судијата Енди Медли да поништи гол на Вест Хем на крајот на мечот со Челзи (2-1), влегол во судиската соба за да побара објаснување од судијата.

Ваквото однесување е несвојствено за англискиот фудбал. Менаџерот на Вест Хем го нападна судијата и на теренот по завршувањето на натпреварот, но очигледно решил да го продолжи судирот со упад во судиската соба.

„Ја видовте ситуацијата, скандалозна одлука. Апсолутна глупост од судија прогласен за еден од најдобрите. Да не зборуваме за работата на ВАР. Неверојатна глупост“, изјави лутиот Мојс по натпреварот.

Во последните минути Максвел Корне постигна израмнувачки гол за „чеканите“, а видео помошните судии не можеа да донесат дефинитивна одлука за регуларноста на голот и го повикаа Медли да ја провери ситуацијата на мониторот. Откако го гледаше голот неколку пати, судијата оцени дека имало прекршок од Џаред Бовен врз голманот Едвард Менди. Всушност, Боуен го прескокна чуварот на сините и изгледаше како да го закачи додека паѓаше. Дури и репризите, сепак, беа неубедливи дали воопшто имало намерен контакт.

„Одлуката да се поништи голот на Вест Хем е крајно шокантна. Голманот му се фрли пред нозете на играчот, што се очекува да направи“, изјави некогашниот англиски репрезентативец Мајкл Овен.

ПретходноРистиќ Стојчевска победничка на битолскиот полумаратон (ФОТО)
СледноВикенд – фото: Малку сончање, малку мезе и фудбал Детонит Плачковица – Вардар!