Денеска во Скопје завршува Европското првенство во одбојка за играчи до 19 години. Во самата завршница на натпреварувањето се најдоа селекциите на Србија и Италија, кои попладнево во арената „Борис Трајковски“ ќе се борат за златниот медал.
Двете репрезентации во вчерашните полуфиналиња со максимални 3:0 славеа против своите ривалки. Србија беше подобра од Полска, додека Италија ја совлада Холандија.
Малото финале, или мечот за третото место меѓу Холандија и Полска ќе се одигра од 17 часот, додека финалето е закажано од 19:30 часот.
Македонија ќе има свој претставник во финалето во името на нашиот меѓународен судија Јосип Христов, кој ќе биде втор арбитар во натпреварот за златниот медал.