Триумф на свој терен за Макс Ферстапен за ГН на Холандија на патеката Зандворт. Речиси без никакви проблеми светскиот првак дојде до триумфот и сега летаа, лета кон новата титула светски првак. Се разбира оваа победа наиде на голема еуфорија кај домашните фанови кои знаеја и тоа како да ја прослават новата победа на својот миленик.
Како втор трката ја заврши Расел со својот Мерцедес, додека трет беше Леклер со Ферари. Хамилтон заврши четврти, а Перез петти.
Уште една одлична, рутинска трка за Макс Ферстапен кој покажа дека сезонава едноставно нема конкуренција.