Турците во исчекување: Икарди следнава недела пристигнува во Истанбул

216

Турската национална телевизија ТРТ објави дека за неколку дена Мауро Икарди и официјално ќе стане нов фудбалер на Галатасарај. Тој ќе биде пречекан од илјадници навивачи на Галатасарај каде што ќе биде еден од најскапите и најдобрите играчи кои некогаш играле за тој клуб. За трансферот на Аргентинецот се зборува долго време, а ТРТ пишува дека сега се е договорено со ПСЖ.

Договорот помеѓу Икарди и Галатасарај е на сила веќе неколку дена, но Пари Сен Жермен го одложи откако во целиот процес се вклучил и Фенербахче. Сепак, сега ТРТ пишува дека зделката меѓу Галатасарај и Пари Сен Жермен е завршена и дека се работи за едногодишна позајмица.

ПретходноСрбија и Италија во финалето на ЕП за одбојкарки до 19 години во Скопје
СледноРистиќ Стојчевска победничка на битолскиот полумаратон (ФОТО)