Херта конечно ја впиша првата победа во Бундес лигата (видео)

75

Екипата на Херта во 5. коло ја запиша првата победа во Бундес лигата, а берлинците беа подобри од Аугзбург и тоа на гостински терен со 2:0. Херта во овој меч влезе со скор од едно реми и три порази и очајно им требаше триумф за да ја кренат самодовербата, а тоа им успеа денеска на гостувањето во Баварија.
По првото полувреме немаше голови, а во 57. минута погоди Лукебакијо. Во последните моменти победата ја потврди Рихтер.
А Херта го потврди и одличниот ефект против Аугзбург, сега има девет победи, шест ремија и еден пораз во 16 бундеслигашки натпревари.
Аугзбург има една победа и четири порази.

ПретходноШто се случува со Литванците? Пораз и од Германија
СледноПМФЛ: Чудесна е оваа Струга ТЛ, Ѓорѓиев го уништи Шкупи, трилер победа на Силекс, шок под Шара (ВИДЕО)