Црна Гора го доби балканското дерби со Бугарија!

82

Во меч од 3.коло во групата А, кој се одигра во Тбилиси на ова ЕВРО 2022, селекцијата на Црна Гора успеа да слави победа над Бугарија со 91:81.

Во прите две четвртини беше израмнето, се водеше голена борба, но во третата Црногорците го искажаа својот квалитет и ја добија со 22:12. Во последниот период од играта тие рутинирано одиграа и заслужено дојдоа до бодовите. Ова за нив беше втора победа на ЕВРО 2022, додека Бугарите и по три кола сеуште се немаат радувано на триумф.

Везенков со 26 поени беше најдобар поентер на мечот, но ни тоа не бепе доволно за Бугарија, додека кај победничкиот состав, Дробњак и Дубљевиќ постигнаа по 17 поени.

ПретходноНестварна атмосфера на трибините пред Ф1 трката во Зандворт! (ВИДЕО)
СледноРедици за билети пред “Максимир“ за мечот Динамо – Челзи!